Првиот човек на Стушниот совет при Кошаркарскиот сојуз на Хрватска, Дино Раѓа вели дека репрезентацијата ја чека многу сериозна работа во квалификациите за пласман на ОИ во Токио 2020 година. Денеска беше одржана жрепката, а Хрватска како домаќин на еден од квалификациските турнири доби тешка група, со Бразил, Тунис, Русијам Германија и Мексико.
Хрватите пред 3 години настапија на ОИ во Рио, каде во четвртфиналето беа елиминирани од Србија.
„Коцкастите“ минуваат во деликатен период пред се поради тоа што не учетвуваа на СП кое во септември годинава се играше во Кина.
„Групата е таква каква што е, би сакал тоа да го оставиме на страна. Не чека во моментов многу поважна работа, а тоа се квалификации за ЕП 2021. Ние Хрватите секогаш паѓаме на еуфорија. Веќе слушам како некои зборуваат дека во Токио ќе одиме по медал, а забораваат дека не чекаат натпревари со Холандија, Шведска и Турција во кои ќе бидеме без НБА играчите“ – изјави Раѓа за хрватските медиуми.
Легендарниот кошаркар накратко ја прокоментира и квалификациската група за пласман на ОИ.
„Најтешката група, но се може да се помине. Јаки се и Русите, и Бразилците и Германците, но јаки сме и ние. Играме пред домашна публика, ако бидеме комплетни, не гледам зошто не би поминале“ – вели Раѓа.
Квалификациите се на програмата од 23 до 28 јуни 2020 година, а само првопласираната селекција оди на Олимпијада.