Хонда се обврза да остане во Формула 1 барем до 2021 година, откако ги продолжи договорите со Ред бул и Торо росо за една година, иако долгорочната иднина е неизвесна и зависи од одлуките на матичната компанија во Токио и проценката дали учеството во Ф1 е исплатливо.
Хонда почна да работи со Торо росо во 2018 по три слаби сезони со Мекларен, одбележани со никакви перформанси и постојаност и големи критики од Мекларен. Откако имаа солидна сезона со Торо росо, и Ред бул се префрли од Рено на Хонда во 2019 година со две годишен договор.
Со овој потег, Хонда повторно стана Ф1 победник, кога Макс Ферстапен триумфираше на Австриското ГП за прва победа за јапонската компанија по 13 години. Ферстапен победи уште двапати со моторите на Хонда, а на Бразилското ГП оваа сезона Хонда ја оствари првата 1-2 победа по 28 години.