23-годишната Јана, ќерката на аргентинската фудбалска легенда Диего Марадона, започна нова кариера како модел за долна облека.
Јана е ќерка на Марадона од краткотрајната врска со келнерката Валерија Сабалаин, во период кога беше оженет, и тој призна дека е нејзин татко пред само пет години. „Ти си единствената убава Марадона“, коментираше еден од следбениците на Инстаграм.
Марадона има две големи ќерки со поранешната сопруга Клаудија Вилјафане, како и млад син Диего Фернандо со својата поранешна девојка Вероника Охеда.