Top Sport

Таксист во Италија возеше со 110 км. на час и ја гледаше Рома (фото)

Дописникот на шпанскиот весник „Ел Пас“ од Рим, Даниел Верди во неделата вечерта одлучил да викне такси, но заборави на фактот дека во тој момент се игра калчо-мечот меѓу Рома и Верона.

Таксистот возел со 110 километри на час и во исто време го следел натпреварот.

„Човекот ме вози со 110 на саат и гледа меч, а малку е нервозен затоа што Верона само што изедначи. Добродојде дома“ – сам на себе си посакал новинарот откако патувањето завршило без проблеми.
Рома со 3-1 славеше и никој не беше повреден. Таксистот задоволен од победата на омилениот клуб, а новинарот што жив и здрав стигнал до дестинацијата.

Scroll to Top