Фреди Љунгберг вети дека ќе го врати „духот“ во тимот на Арсенал откако стана привремен тренер на „топчиите“ по отпуштањето на Унаи Емери, но имаше „пеколно“ деби на домашен терен, губејќи со 1:2 од тимот на Брајтон.
Мечот за Љунгберг дојде неколку дена по 2:2 ремито на гости кај Норич, и лошата низа на резултати значи дека Арсенал нема победа во последните шест меча во Премиер лигата и се наоѓа на 10. место на табелата.
Адам Вебстер им донесе водство на гостите во 36. минута, резултат со кој се отиде на полувреме, но Арсенал успеа да израмни преку Александер Лаказет во 50-тата минута за да ги крене надежите на навивачите за победа. Меѓутоа, Нил Мопе во 80-тата минута со убав гол со глава донесе три поени за Брајтон, кои сега се на 13. место на табелата со само еден поен зад Арсенал.