Фудбалскиот клуб Реал Мадрид соопшти дека дека Герет Бејл кратко ќе отсуствува од тренажниот процес поради повредата на бутниот мускул. Претходно Реал ги потврди и повредите на Марсело и Еден Азар.
„АС“ повикувајќи се на извори од клубот пренесе дека Бејл ќе отсутвува една недела бидејќи неговата повреда не била сериозна. Велшаннецот малку ќе одмори бидејќи во клубот не сакаат да ризикуваат влошување на повредата.
Тренерот на Реал, Зинедин Зидан, ќе може да смета на услугите на Бејл за дербито со Барселона (18 декември), додека „Ел Калсико“ ќе го пропуштат Марсело и Азар.