Поранешната светска тенисерка број 1, Каролине Вознијацки објави дека се повлекува од професионалниот тенис со долг пост на Инстаграм, ставајќи на кариерата во која дури во вториот дел ги оствари своите најголеми успеси.
Вознијацки, сепак, ќе се натпреварува на Австралија опен во 2020 година во јануари, што ќе биде нејзин последен турнир.
„Играм професионален тенис од мојата 15-та година и сега го комплетирам ова прво поглавје од мојот живот. Со 30 ВТА титули, прво место на ВТА листата 71 недела, победа на ВТА финалето, 3 олимпијади и освојувањето на Австралија опен во 2018, остварив сè што било кога сонував на тенискиот терен. Секогаш си велев дека кога ќе дојде времето, има работи кои сакам да им се посветам надвор од тенисот. Последните месеци, по бракот со Дејвид имам поинакви цели и страсти во животот“, напиша Вознијацки.