Top Sport

„Проектилот“ на Барди им донесе победа на Леванте (Видео)

Леванте забележаа важна победа во Гранада во 17 коло, во Ла Лига. Леванте славеа со 2:1 со голот на македонскиот репрезентативец Енис Барди постигнат во претпоследната минута од натпреварот.

Барди мрежата на Гранда ја погоди со „проектил“ од 20 метри.

Претходно Леванте поведоа во 55 минута со голот на Рочна, а пет минути подоцна израмни Мачис.

Со седмата победа во сезоната Леванте се искачија на 11 место на табелата. Екипата од Валенсија има 23 бода.

Scroll to Top