Хјустон Рокетс пред два дена против Сан Антонио се вратија по негативата од 25 поени, а сличен подвиг направија изминатата ноќ во Лос Анџелес. Хјустон славеа над Клиперс 122:117 иако на полувреме домашните играчи имаа предност од 17 поени.
Расел Вестбрук и Џејмс Харден ја добија битката со Пол Џорџ и Каваи Ленард. Вестбрук го одигра најдобриот меч за Хјустон, забележа 40 поени и 10 скока. Харден за свои стандарди имаше скромна вечер постигна „само“ 28 поени, на кои придодаде 10 асистенции.
Инаку Харден во ЛА влезе во историјата на Хјустон чии дрес го носи од 2012 година. Харден има против Клиперс ја забележа 4.403 асистенција со што на вечната листа од врвот го тргна Калвин Марфи.
Кај Клиперси Пол Џорџ забележа 34, а Каваи Ленард 25 поени.