Данскиот весник „Екстра бладет“ тврди дека Интер веќе се договориле со Тотенхем за трансфер на фудбалерот од средниот ред Кристијан Ериксен за сума од 20 до 23 милиони евра.
Договорот на Ериксен со Тотенхем завршува на крајот на сезоната, така што ова е последна шанса лондонскиот клуб да заработи нешто од трансферот, иако сумата од 30 милиони евра кои ја бараа одби повеќе тимови.
Според „Екстра бладет“ понудата од 20-тина милиони евра го убедила претседателот на клубот, Даниел Леви да дозволи трансфер во јануари. Тренерот на Интер, Антонио Конте е голем љубител на играта на Данецот и верува дека со негово пристигнување на „Меаца“ тие ќе бидат посилни во битката со Јувентус за скудетото оваа сезона.
Christian Eriksen is close to reaching an agreement to sign for Inter Milan in January. The deal is expected to be concluded in the coming weeks with #thfc receiving around £18M. | @EkstraBladet pic.twitter.com/ERX27mAsJp
— Daily Hotspur (@Daily_Hotspur) January 3, 2020