Фаворизираната Хрватска одигра само 33:33 со Босна и Херцеговина во пријателски меч во Пореч, резултат кој многу го налути хрватскиот селектор Лино Червар.
БиХ започна одлично и стигна до предност од три разлика (9:6), но Хрватите успеваат да израмнат и да дојдат до водство 11:10 по што се играше гол-за-гол. Босна и Херцеговина повторно имаше два гола предност (21:19), но „Каубојците“ не дозволија да се направи голема разлика и преку Игор Карачиќ стигнуваат до три предност (30:27), по што следуваше нов пад во нивната игра. Во последниот напад Буриќ погодува за конечни 33:33. Карачиќ беше најефикасен за Хрватска со седум гола, додека Марко Паниќ постигна 10 за БиХ.
Червар по мечот изјави дека неговите ракометари можат да учат како се игра тимски од своите ривали.
„Некои ракометари со помала репутација покажаа како се игра, додека развиканите ѕвезди мораат да атерираат. Без борба не може до победа. Не можеме да примиме над 30 гола ако сакаме нешто на Европското првенство“, изјави Червар.
ПРИЈАТЕЛСКИ МЕЧЕВИ
Унгарија – Чешка 27:24 (14:10)
Русија – Португалија 25:27 (11:13)
Хрватска – Босна и Херцеговина 33:33 (18:17)
Украина – Холандија 27:30 (13:17)
Германија – Исланд 33:25 (16:13)