Top Sport

Роналдо не ја крие омразата кон Рома – нема менување на дрес со нив

Кристијано Роналдо не ги крие непријателските чувства кон Рома пред дуелот на Јувентус со волчицата во недела, велејќи дека нема да смени дрес со ниту еден противнички фудбалер по крајот на мечот.

Коренот на оваа антипатичност е времето кога тој беше играч на Манчестер јунајтед. „Ѓаволите“ играа со Рома во четврт-финалето од Лигата на шампионите во 2007, кога Јунајтед победија со 7:1 по поразот на гости од 2:1 и искуството не му се допаднало на Португалецот.

„Кога беше 6:0, тие побараа од мене да сопрам, еден од нив ме молеше да не ги дриблам. Другите ми се закануваа дека ќе ме повредат. Рома? Таму нема фудбалер со кого би сакал да сменам дрес“, изјавил Роналдо во декември 2018.

Минатата година пак, дуелот на Јуве и Рома повторно беше во знакот на Роналдо, кој се потсмеваше со височината на капитенот на „волчицата“, Алесандро Флоренци.

Роналдо се обиде да изнуди пенал и да го понижи Флоренци (Видео)

Scroll to Top