Стивен Џерард ќе остане запишан во историјата на Ливерпул како еден од големите капитени на славниот тим, но и како човекот кој ги чинеше титула во неверојатниот меч против Челси во финишот на сезоната 2013/14, кога „црвените“ беа на чекор до титулата.
По славното лизгање, Демба Ба постигна гол и Челси победија, што на крајот беше доволно титулата да отиде кај Манчестер сити. Џерард повеќе пати зборуваше за болката за тој пропуст, но сега вели дека би му било малку полесно доколку оваа сезона тие ја освојат титулата од Премиер лигата.
„Ако Ливерпул ја освојат лигата оваа година, секако ќе ми помогне да се чувствувам подобро. Лани, кога ја освоија титулата од Лигата на шампионите беше прекрасно, гледав и забележував дека фановите повторно се среќни. Тоа беше момент за лечење за мене. Тоа што се случи беше најниското во мојата кариера. Многу потешко отколку што си мислат луѓето. Единствен пат во 20-годишната кариера кога немав чувство. Ако анализираме, најверојатно губењето на титулата не е само тој момент, но дел од мене уште мисли така“, вели Џерард во последниот разговор со неговиот поранешен колега, Питер Крауч.
Џерард признава дека уште во глава му е „сопката“ која го чинеше титула (видео)