Иако се уште нема официјални информации, медиумите во Шпанија се убедени дека Ернесто Валверде повеќе не е тренер на Барселона.
Оваа информација денеска ја објави тиражната „Марка“ по шифра – „најново“.
Познатиот шпански весник пишува дека претседателот на Барселона, Жозеп Бартомеу веќе го известил стратегот дека тој повеќе не е тренер на екипата.
Понатаму се наведува дека претседателот на Каталонскиот клуб на состанокот на кој, наводно, биле и спортскиот директор, Ерик Абидал и неговиот соработник, Рамон Планс го известиле Валверде дека неговото време на „Камп Ноу“ завршило.
Се наведува и дека Управата на Барса има состанок на кој се одлучува за замената на Валверде на клупата, па тука шпанските медиуми споменуваат 3 имиња – Маурисио Покетино, Кике Сетијен и Франсиско Гарсија Пимијенто.
Покетино пред неколку месеци доби отказ во Тотенхем, но многумина сметаат дека тој нема да прифати да биде тренер на Меси и дружината поради годините поминати во градскиот ривал, Еспањол.
Кике Сетијен работеше добро во Бетис, а моментно е без ангажман, додека Пимијенто е тренер на Барселона Б, резервната екипа на Каталонците.