Ракометната репрезентација на Хрватска го продолжи победничкиот поход на ЕП. Нова жртва на „каубоите“ вечерва стана домашната селекција на Австрија, 27-23 што беше прв пораз за селекцијата предводена од Билик и Божовиќ.
На почетокот на мечот, Австријците парираа на момците предводени од Лино Червар, но уште до крајот на првите 30 минути Хрватите го зголемија темпото и на пауза отидоа со +5, 13-8.
Вториот дел не донесе драстична промена на силите, па иако голманот на Австрија имаше 10 одбрани, сепак ударната игла на домашната селекција (Билик-Божовиќ) беше задржана на само 5 гола.
Кај „коцкестите“ најпрецизен беше Златко Хорват со 6 гола, Дувњак постигна 5, а исто толку имаше и Лука Циндриќ.
Кај Австрија најпрецизен беше Вебер со 6 и Зајнер со 4 гола.
Сега на врвот на новоформираната група 1 Хрватска и Шпанија се со по 4 бода.
Watch the Game Highlights from Croatia vs. Austria, 01/16/2020 pic.twitter.com/GKAy0hXh38
— EHF EURO (@EHFEURO) January 16, 2020