Норвешката ракометна репрезентација ги покажа амбициите за висок пласман на Европското првенство, откако со 36:29 (20:12) ја декласираше Унгарија во нивниот прв меч од втората фаза на шампионатот.
Исходот на натпреварот беше јасен уште по првите 30 минути, кои Норвежаните ги добија со осум гола разлика (20:12), а во второто полувреме, оваа разлика достигна и десет гола за на крајот конечниот резултат да е 36:29.
Ѕвездата на Кил, Сандер Сагосен со седум гола беше најефикасен за Норвежаните, додека шест уфрли Геран Јохансен. Кај Унгарците, Патрик Лигетвари и Бенце Наѓ имаа по пет постигнати голови. Програмат во групата 2 завршува со уште една интересна пресметка, помеѓу поранешните шампиони Шведска и најголемото изненадување на шампионатот, Португалија.
ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО 2020, 2.ФАЗА
ГРУПА 2
Словенија – Исланд 30:27 (15:14)
Норвешка – Унгарија 36:29 (20:12)
Португалија – Шведска 20.30 ч.
Табела: 1.Словенија 4, 2.Норвешка 4, 3.Унгарија 2, 4.Шведска 0, 5.Португалија 0, 6.Исланд 0
Watch the Game Highlights from Norway vs. Hungary, 01/17/2020 pic.twitter.com/Wu72eIGjpI
— EHF EURO (@EHFEURO) January 17, 2020