Top Sport

По осум години, Ѓоковиќ конечно ќе добие пари од Рио де Жанеиро

Бразилската федерална држава Рио де Жанеиро ќе мора да му исплати на Новак Ѓоковиќ 644.000 евра откако организираа егзибициски меч за кој никогаш не му ја исплатија целосната сума

Судијката Мирела Ербисти одлучи дека регионалната влада му должи на тенисерот пари со камата за речиси осум години и дополнителни 5%. Ѓоковиќ го тужеше гувернерот на Рио откако не ги доби парите кои му беа ветени за егзибицискиот меч во 2012 година против Густаво Кертен. Тогаш тие му ветија 988.000 евра, но му исплатија само 404.000 евра.

Ѓоковиќ првично се жалеше на случајот во 2015 година, пред во јуни 2019 година да поднесе нова тужба. Иако сумата е пристојна, таа паѓа во сенка на парите кои Ѓоковиќ ги заработил како тенисер – речиси 125 милиони евра само од тениските турнири без да се земат во предвид спонзорските договори.

Scroll to Top