Французинката Клара Дире стигна до својата прва победа во Светскиот куп во алпско скијање по фантастичниот триумф на првиот паралелен велеслалом во женска конкуренција во италијанскиот ски-центар Сестриере.
24-годишната Французинка прво ја елиминираше лидерката во генерален пласман, Микаела Шифрин во осминафиналето, пред во финалната трка да биде побрза од Австријката Елиза Мерцингер. Досега, поранешната младинска олимписка шампионка, својот најдобар пласман го имаше со седмото место во велеслаломот во австрискиот Лиенц во декември.
Домашните скијачки немаа среќа и мораа да се задоволат со борба за третото место, во која Марта Басино ја победи Федерика Брињоне, додека Софија Гоџија беше петта.
It's victory for Clara Direz!
She wins her first ever World Cup race ??#fisalpine pic.twitter.com/zMy6y9Oylk
— Eurosport UK (@Eurosport_UK) January 19, 2020