Рафаел Надал го мина првото коло на гренс-слем турнирот во Мелбурн. Првиот носител на Австралија опен го совлада Уго Делиен од Боливија со 3:0.
Шпанецот на противникот од Боливија му препушти само пет гема во првите два сета, а третиот го доби со нула.
Надал во втората рунда за противник ќе го има победникот од мечот помеѓу Федерико Делбонис и Жоао Соуса.
Првото коло во три сета покрај Надал го минаа Хачанов, Тим, Лајовиќ, Чилиќ, Раониќ, Вавринка, Шварцман, Баутиста-Агут играше четири сета против Босанецот Џумхур, а права драма се одвиваше на неколку терени.
Во пет сета победи забележаа Пер над Стебе, Фоњини над Опелка, Пулманс над Кукушкин и Крајиновиќ над Хејлс.