Григор Димитров не успеа да се пласира во третото коло на Австралија опен. Покрај Димитров турнирот заврши и за осмиот носител Матео Беретини, односно Матин Хуркач. Втората рунда ја мина Канаѓнецот Милош Раониќ.
Димитров инаку 20 носител на турнирот не успеа да го добие спектакуларниот меч со Американецот Тими Пол.
Американецот, 80 на АТП листата, ги доби првите два сета 6/4, 7/6, потоа возврати Димитров со 3/6, 6/7, а драмата кулминираше во решавачкиот петти сет.
Бугариниот имаше брејк предност, сервираше за победа, меѓутоа Пол го врати брејкот, а потоа во супер тајбрејкот беше подобра со 10:3.
Турнирот заврши и за осмиот носител Италијанецот Матео Беретини. Четврт-финалистот од пред две години Тенис Снадгрен победи по три часа и 27 минути игра.
Слично како Димитров, Беретни успеа да се врати во мечот откако Снадгрен со 7/6 и 6/4 ги доби првите два сета. Италијанецот возврати со 4/6 и 2/6, но решавачкиот сет му припадна на Американецот со 7/5.
Изненадување претставува и поразот на Полјакот Хуберт Хуркач кој во Мелбурн дојде во одлична форма и со освоена титула во Оукленд. Миленикот на домашната публика Џон Милман го победи Хуркач по два и пол часа игра со 6/4, 7/5, 6/3.
Пласман во третата рунда избори Милош Раониќ. Канаѓанецот во три сета го победи Чилеанецот Кристијан Гарино.