Надал лесно во три сета денеска славеше во второто коло на АО против Делбонис, но остана забележана една мала непријатност во третиот сет.
По сервис на Делбонис ритернот на Надал заврши точно во главата на девојчето задолжено да ги собира топките на теренот, кое стоеше непосредно до главниот судија на мечот.
Реакцијата на двајцата тенисери, но и на публиката доволно говори колку изгледаше опасно целата ситуација. Надал веднаш и пријде, но таа рече дека се е во ред.
Шпанскиот ас и се извина, по што ја бакна во лицето, а по мечот и ја подари и својата лента што ја носи на главата.
Погледнете ја целата ситуација: