Транмир роверс, клубот кој е на 21. место во англиската трета лига (Лига 1), направи вистинска сензација, пласирајќи се во 1/16 финалето на ФА купот по 2:1 победа над премиерлигашот Вотфорд изборена во продолжение! Награда за овој успех – дуел со „разнишаниот“ Манчестер јунајтед на нивниот стадион „Прентон парк“ веќе во недела.
Тимот кој стана познат во последно време поради тоа што премиерлигашкиот судија Мајк Дин е негов страствен навивач, во првиот меч на гости кај Ватфорд одигра 3:3 во трилер-меч, а сега дома, по регуларните 1:1 по регуларните 90 минути, успеа да стигне до шокантна 2:1 победа.
Сепак, ова не е најголемиот успех во историјата на клубот од Биркенхед, мало градче во близината на Ливерпул – тие стигнувале до четврт-финалето на ФА купот во 2000, 2001 и 2004 година.