Каролин Вознијацки со поразот од Онс Џабер, во третото коло на Австралија опен, стави крај на професионалната кариера. Претходно тенисерката од Данска објави дека турнирот во Мелбурн ќе биде нејзиниот последен во кариерата.
Тенисерката од Тунис Онс Џабер успеа да ја победи 29 годишната Вознијацки по два часа и десет минути игра со 2:1 (7/5, 3/6, 7/5).
Клучниот момент во мечот се случи во 12 гем во решавачкиот сет кога Вознијацки го прекина поенот и побара челинџ. Одлуката на Вознијацки не беше добра бидејќи челинџот и припадна на Џабер која доби две меч топки. Вотрата ја реализира за нејголемата победа во кариерата.
Каролин Вознијацки во кариерата била број 1 во женскиот тенис, освоила 30 трофеи. Единствената грен-слем титула ја освои во 2018 година во Мелбурн.
Кариерата ја завршува на 29 место на АТП листата.
The end of an era.
Thank you for the memories @CaroWozniacki. You'll be so very missed?#AO2020 | #AusOpen pic.twitter.com/z37ZwjMR81
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 24, 2020