Новак Ѓоковиќ со максимална победа над Јапонецот Јошихито Нишиока избори пласман во осмина-финалето на Австралија опен.
Бранителот на трофејот против Јапонецот на теренот мина нешто помалку од 90 минути. Ѓоковиќ победи со 6/3, 6/2, 6/2.
Во осмина-финелто Ѓоковиќ за противник ќе го има Диего Шварцман. Аргентинецот во третото коло со 3:0 го порази сонародникот на Ѓоковиќ, Душан Лајовиќ.
Покрај Ѓоковиќ и Шварцман досега пласман во осмина-финалето избори уште само Унгарецот Мартон Фучович.
Унгарскиот тенисер до најголемиот успех на грен-слем турнирите дојде за еден час и 47 минути игра против Американецот Томи Пол.