Top Sport

Бруно Фернандеш е нов фудбалер на Манчестер јунајтед

Бруно Фернандеш и официјално е првото засилување на Манчестер јунајтед во зимскиот преоден рок, откако Спортинг Лисабон и „ѓаволите“ потврдија дека е склучен договор по повеќедневно преговарање.

Фернандеш ќе патува на „Олд Трафорд“ во договор вреден првични 55 милиони евра, иако Јунајтед може да платат до 80 милиони евра ако се исполнат дополнителните клаузули во договорот – 5 милиони евра за лични цели, 5 милиони евра за пласман во Лигата на шампионите и дополнителни 15 милиони евра за лични награди.

Јунајтед со ова ја доби трката со Барселона, која беше заинтересирана да го купи Фернандеш и да го прати во Валенсија во обид да го добие Родриго. Се верува дека Фернандеш може да дебитира уште во саботниот дуел од Премиер лигата против Вулверхемптон.

Фернандеш последните сезони стана ѕвезда на Спортинг, откако првиот дел од кариерата го помина во Италија со Сампдорија и Удинезе. Тој лани постигна 33 гола за Спортинг, а оваа година 15. 25-годишниот Португалец има и 25 настапи за репрезентацијата и 2 постигнати гола.

Scroll to Top