Кристијано Роналдо остава печат на сите клубови во кои настапувал, но очигледно направил големо влијание во Италија, каде што му изградија челичен „робот“ со неговиот лик на карневалот во Вијареџо.
Во Вијареџо се оддржува еден од најголемите карневали во Европа, а секогаш привлекуваат туристи со детална изработка на реални ликови – лани тоа беше американскиот претседател Доналд Трамп, додека овојпат ЦР7 беше во центарот на вниманието.
Иронично, карневалот е основан во 1873 година во знак на протест на локалните жители поради високите даноци, а една од работите кои го мотивираа Роналдо да се пресели од Реал Мадрид во Јувентус беа проблемите со шпанските даночници, за што тој прифати казна и двегодишна условна казна затвор.
Maestoso @Cristiano ? #carnevalediviareggio pic.twitter.com/I4SId0KRda
— Deborah 3️⃣7️⃣ ⚪️⚫️ (@Deborahpiac) February 9, 2020