Top Sport

Чеферин ќе ја решава кризата во грчкиот фудбал

Првиот човек на УЕФА Александар Чеферин и потпретседателот на ФИФА Грек Кларк на 25 февруари ќе престојуваат во Атина со цел да помогнат во решавање на кризата во грчкиот фудбал, објави владата на Грција.

Поради лошата посетеност и последиците од финансиската криза, грчкиот фудбал со години го тресат сериозни проблеми, меѓу кои е и честото играње пред празни трибини како последица на инцидентите што ги предизвикуваат навивачите.

Се очекува Чеферин и Кларк да го потпишат планот за реконструкција на грчкиот фудбал заедно со владата на Грција.

Министерот за спорт Јоргос Герапетритис минатата недела во Женева имал состанок со Чеферин и неколку други челници на УЕФА. Теми на разговорот биле насилството на фудбалските терени и местењето на натпреварите.

Премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис на овие теми, во текот на овој месец, планирал средба со претседателот на ФИФА Џани Инфантино.

Scroll to Top