Легендарниот бразилски фудбалер, Луис Назарио де Лима Роналдо сподели интересен детал од својата богата фудбалска кариера во која освои се што можеше да замисли.
Од Барса, фудбалскиот пат го однесе во милански Интер, кон крајот на деведесетите години на минатиот век.
Интер неславно ја загуби титулата од Јуванетус во сезоната 2001/2002 година, по што Бразилецот отишол кај претседателот на клубот, Масимо Мората.
„Во Милано бев среќен, чувствував безусловна поврзаност со навивачите. Но го имавме Хектор Купер за тренер и не сакав да продолжам. Зборував со Мората и му реков `Или тој заминува или јас, ние заедно не можеме`“ – вели Роналдо за „ДАЗН“.
Бразилецот вели дека тука завршила неговата авантура во Интер.
„Мојата приказна во Интер заврши лошо затоа што повеќе сакаше да го задржи Купер отколку мене, но тогаш започна мојата приказна во Реал Мадрид“ – вели Роналдо.
Тој премина кај Кралевите за 25 милони евра пред крајот на преодниот рок во 2002 година, а на негово место кај „Нероазурите“ дојде Ернан Креспо.
Купер во Интер беше уште година ипол.