Немили сцени на меч во хокеарската НХЛ лига.
На осум минути пред крајот на првата третина на мечот меѓу Анахејм и Сент Луис, хокеарот на гостинската екипа, Џеј Бувмистер доживеа срцев удар на клупата за резерви.
По пет минути од играта тој едноставно се сруши на ледот, а кога соиграчите го забележаа, повикаа помош.
Информациите се дека Џеј е превезен во најблиската болница и е надвор од животна опасност.
Играчите на ледот останаа шокирани, а некои од нив се молеа за животот на колегата.