Германецот Томас Дресен победи на трката во спуст која во рамките на Светскиот куп се возеше во Салбах, Австрија. Трката во Салбах беше исклучително возбудлива, разликата помеѓу најдобрите тројца беше девет стотинки.
Дресен победи со резултат 1:32.96 минути. Германецот ја забележа третата победа во спуст оваа сезона. Во кариерата има пет победи.
Зад себе Дресен остави четворица скијачи од Швацарија. Како втор трката ја заврши Беат Фојц (1:33.03), подиумот го комплетираше Мауро Кавицел (1:33.05), а зад најдобрите тројва трката ја завршија Карло Јанка и Нилс Хинтерман.
Во поредокот за спуст лидер и понатаму е Беат Фојц со 600 поени, додека Томас Дресен со денешната победа стигна до второто место.
Утре во Сачбах мажите ќе возат супервелеслалом.