Легендарниот италијански фудбалски судија денеска го слави 60-тиот роденден, па по тој повод имаше интервју за „Gazzettu dello Sport“
„Денешните судии мораат да се однесуваат како ВАР да не постои. Крајната цел е ВАР воопшто да не се користи, а тоа би значело судијата вистинските одлуки да ги носи на теренот“ – смета Колина.
Италијанецот даде и свое мислење зошто судиите премногу грешат.
„Секој арбитар сега потсвесно знае дека ВАР може да го спаси и ако згреши, но тие не размислуваат за тоа дека контролорот на судењето и понатаму ќе му ја намали оценката и покрај ВАР-интервенцијата“ – смета „ќелавкото“.
Екс-судијата кој сега е дел од УЕФА вели дека тој бил успешен во работата меѓудругото и затоа што ги проучувал играчите.
„Во мое време, судиите површно се подготвуваа за натпреварите. Јас, за разлика од повеќето останати, секогаш ги анализирав играчите, гледав како се однесуваат, во која формација играат. Денес сето тоа е на едно многу повисоко ниво. Судијата мора да знае се за фудбалот“ – смета Колина.