Top Sport

Силекс се искачи на третото место, „обновениот“ Работнички со победа во Струга

Силекс стигна до минимална 1:0 победа на гости кај Ренова за да го „прескокне“ тимот на Академија Пандев на третото место во македонската Прва лига, додека „обновениот“ Работнички ја започна пролетта со важна 1:0 победа на гости кај Струга.

Голот на Бурхан Мустафов во финишот на првото полувреме беше доволно Силекс да стигне до победа во Тетово, по која се на третото место на табелата со 30 поени, еден помалку од Шкендија и девет зад лидерот Вардар.

Работнички, пак, кој во текот на зимскиот преоден рок потпиша со 9 нови фудбалери, стигна до важна 1:0 победа во Струга со голот на Иван Марковиќ во првото полувреме. Работнички останува последен на табелата со 18 поени и го чека грчевита борба за опстсанок. Шкупи со два гола во финишот на мечот успеа да стигне до 2:0 победа над Борец.

ПРВА ЛИГА, 19. КОЛО

Академија Пандев – Шкендија 1:2

Ренова – Силекс 0:1

Шкупи – Борец 2:0

Струга Трим Љум – Работнички 0:1

Табела: 1.Вардар 39, 2.Шкендија 31, 3.Силекс 30, 4.Академија Пандев 27, 5.Македонија ЃП 26, 6.Шкупи 25, 7.Струга 24, 8.Борец 20, 9.Ренова 19, 10.Работнички 18.

Фото: ФК Работнички

Scroll to Top