Top Sport

Пепе и Арсенал за две минути го „суредија“ Њукасл (видео)

Арсенал ја прекина низата од четири ремија во низа во Премиер лигата, откако со 4:0 го совладаа Њукасл со два гола за само три минути во второто полувреме.

Откако во текот на првото полувреме, Њукасл успеа да остане без гол во мрежата и да одигра рамноправно, во 54. минута по одличното нафрлање на Никола Пепе, Пјер-Емерик Обамејанг беше највисок во скокот за да го совлада Дубравка.

Само две минути подоцна, Пепе, од кого се очекуваше многу на „Емирати“, но досега не го покажа својот потенцијал, се запиша во листата на стрелците по убавата асистенција на Сака. Месут Озил во 90-тата минута по асистенцијата од Александер Лаказет зголеми на 3:0, за Лаказет во 95. минута да го „дотолчи“ Њукасл за убав старт на пролетниот дел од сезоната.

Со победата, Арсенал се искачува на 10. место на табелата во Премиер лигата, со 34 поени, еден помалку од деветопласираниот Манчестер јунајтед, додека Њукасл се на 12. место со 31 поен.

Scroll to Top