Додека боксерскиот свет се подготвува за викенд-спектаклот во Лас Вегас, борбата меѓу тешкашите Тајсон Фјури и Дионтеј Вајлдлер, „зад завесата“ се најавува нов спектакл.
„ЕСПН“ објави дека годинава многу извесен е меч меѓу Анди Руиз и Луис Ортиз.
„Не само што е голема веројатноста дека ова ќе се случи, туку веќе се работи на договорот за борбата, затоа што во кариерите на двајцата боксери се вклучени исти луѓе“ – изјавил извор близок на боксерите.
За точниот датум се уште е рано да се зборува, но тоа најверојатно ќе биде на средина од годинава. Најверојатно, победникот од оваа борба би бил следниот предизвикувач за светската титула.
И Руиз и Ортиз ги загубија своите последни борби.
Руиз беше поразен во реваншот од Ентони Џошуа, додека Ортиз доживеа пораз од Дионтеј Вајлдлер.