Top Sport

Си дадоа авто-кош за да примораат продолженија, но не им успеа (видео)

Во мечот од квалификациите за јуниорската Евролига помеѓу Мега Бемакс и Париз се случи нешто што никогаш не сме виделе на кошаркарските терени – српскиот тим си постигна авто-кош за да примора продолженија, но итриот план не им успеа.

Мега на крајот победи со 69:68, но им беше потребна победа од 9 поени разлика или повеќе, но откако стана јасно дека нема да стигнат до оваа разлика, а имаа напад и два поени разлика, Петар Ковачевиќ реши да си постигне самиот кош за да примора продолженија.

Но, судијата не падна на трикот – тимот доби техничка грешка, а кошот не беше признат.

Scroll to Top