Top Sport

Дубаи: Ѓоковиќ и Чилиќ за 56 минути збришани во дубл

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ и неговиот партнер во двојки на турнирот во Дубаи, Хрватот Марин Чилиќ претрпеа елиминација за само 56 минути игра. Подобри од нив со 2-0 (6-2 и 6-2) беа носителите Рајев Рам и Џо Салсбури.

Ѓоковиќ и Чилиќ лошо го започнаа мечот, па по воведните 4-0 во првиот сет, противниците немаа мака да стигнат до воведни 1-0.

Во вториот сет српско-хрватскиот дубл поведе со 2-1, но следуваше неверојатен пад, па ривалите со 5 врзани поени стигнаа до триумф и пласман во следното коло.


Ѓоковиќ, за кого ова беше воведен пораз во 2020 година на петнаесетиот одигран меч се уште е во игра во Дубаи. Во сингл го очекува меч против Германецот Филип Колшрајбер.

За Чилиќ, пак, ова беше втор денешен пораз откако претходно доживеа елиминација и во сингл, од Беноа Пер.

Чилиќ елиминиран од Пер – не искористи четири меч топки

Scroll to Top