Навивачите на римски Лацио во моментов го играат мечот од 26 коло во Серија А против Болоња. На полувреме „небесносините“ имаат предност од 2-0.
Пред почетокот на мечот, тифозите на Лацио бурно го поздравија нивниот поранешен играч, актуелен тренер на Болоња, Синиша Михајловиќ кој храбро се бори со леукемија.
„Секогаш храбар човек, со војнички дух, Во твојата најважна борба ние секогаш сме со тебе. Напред Синиша“ пишуваше на транспарентот на јужната трибина на „Олимпико“ каде се сместени најфанатичните навивачи на римскиот клуб.
Михајловиќ доби аплауз и фотографија на која е тој како ги поздравува навивачите на Лацио.
Михајловиќ за клубот од Рим настапуваше од 1998 до 2004 година. Одигра 193 меча, постигна 33 гола и имаше 7 асистенции. Со Лацио освои 7 трофеи, меѓу кои и Скудетото во 2000 година.
? S I N I S A M I H A J L O V I C ? pic.twitter.com/vTEj56OfEy
— S.S.Lazio (@OfficialSSLazio) February 29, 2020