Шејн Ларкин постигна фантастични 40 поени за да ги предводи Анадолу Ефес до 91:79 победа над Олимпијакос во 28. коло од Евролигата, уште еднаш покажувајќи дека ја игра најдобрата сезона во својата кариера.
Ларкин додаде 5 асистенции, 3 украдени топки и немаше ниту една загубена топка, а постигна 10 тројки за вторпат оваа сезона да постигне над 40 поени, по историските 49, за Ефес да остане на првото место на табелата со 24-4 скор. Олимпијакос имаше 15:8 старт, но Ефес веднаш реагираше и на крајот на првата четвртина имаа 29:19 водство.
Црвена звезда ја прекина победничката низа на Макаби Тел Авив со убедлива 92:76 победа за прослава на 75-годишнината од основањето на клубот. Били Берон и Кевин Пантер имаа по 22 поени, а почетокот на мечот беше посебно импресивен – во првите 11 минути тие постигнаа пет тројки за 30:23 водство.
ЕВРОЛИГА, 28.КОЛО
Химки – Фенербахче 82:68 (26:18, 15:22, 23:14, 18:14)
Анадолу Ефес – Олимпијакос 91:79 (29:24, 22:17, 21:14, 19:24)
Црвена звезда – Макаби Тел Авив 92:76 (27:20, 22:23, 30:15, 13:18)
Барселона – Баерн 83:80 (21:21, 21:20, 15:27, 26:12)
Басконија – Алба Берлин 73:72 (15:15, 14:24, 19:20, 25:13)