Фудбалскиот клуб Интер од Милано, поради коронавирусот кој цела Италија ја стави во карантин, реши да го повлече својот јуниорски тим од понатамошните натпревари во младинската Лига на шампионите.
Клубот се огласи преку соопштение во кое се потенцира дека не сака да бие загрозено здравјето на фудбалерите меѓу кои има и неколку малолетници.
Интер во четврт-финалето за противник го има Рен. Натпреварот на програмата е на 11 март во Фиренца.
Од клубот додале дека се свесни дека нивното недоаѓање на натпреварот автоматски значи и службена победа за противникот, односно пласман на рен во наредната рунда.