Top Sport

Дали Тото Волф си заминува од Мерцедес?

Тото Волф не присуствувал на вчерашниот состанок на шефовите на Ф1 тимови, зголемувајќи ги шпекулациите за неговата иднина во тимот на Мерцедес, но и иднината на шесткратниот шампион Луис Хамилтон.

Шефовите на Ф1 тимовите имаа телефонска видео-конференција со претставниците на ФИА и на „Либерти медија“ за да разговараат за плановите за сезоната поради корона вирусот по откажувањето на сите трки до јуни.

Според „Дејли мејл“, Волф ја предал својата улога во гласањето на техничкиот директор на тимот, Џејмс Елисон, и весникот шпекулира дека тој е заинтересиран да стане нов извршен директор на Астон Мартин. Тие додаваат дека Волф од Австралија се вратил заедно со Лоренс Строл, канадскиот милијардер кој неодамна купи голем дел од акциите на Астон Мартин, по што следната сезона тимот на Рејсинг поинт ќе го преименува во Астон Мартин.

Во Мерцедес не ги коментираа шпекулациите, туку наместо тоа објавија писмо од Волф до Ф1 фановите, во кое тој ги охрабрува да останат позитивни додека нема Ф1 трки.

„Останете безбедни, следете ги советите, и продолжете да миете раце“, пишува Волф.

Scroll to Top