Репрезентативецот на Италија во рагби, Максим Мбанда наместо да тренира во изолација за враќањето на спортот, вози амбулантно возило 13 часа дневно во обид да помогне во борбата против корона вирусот.
27-годишниот Мбанда вели дека откако се откажала рагби сезоната, а на италијанските болници им е потребна секаква помош, едноставно не можел да остане дома.
„Кога рагбито се откажа, сакавв да помогнам, но немам медицинска подготвеност. Почнав пред осум дена и сега работиме без пауза во смени од 12 или 13 часа. Но, кога видов што носи оваа болест, си кажав дека не смеам да дозволам да сум уморен. Сите се плашат, но има работи кои може да ги правите безбедно и да им дадете малку време на одмор на тие кои работат најмногу. Додека имам сила ќе продолжам“, вели Мбанда за „АФП“.
Тој помага во провинцијата Лацио, каде што се наоѓа италијанската престолнина Рим и вели дека тоа што го видел ќе остане со него цел живот.
„Пренесував позитивни пациенти од една локална болница во друга. Помагам со носилките, со количките, со кислородот. Кога ќе ги видите нивните очи болката е огромна. Да го видеа луѓето тоа, немаше да се туркаат пред супермаркетите и ќе размислеа дали ќе излезат од дома“, додава Мбанда.
View this post on Instagram
Finalmente di nuovo in campo domani, emozionato come il primo giorno di scuola! #resilienza