Top Sport

Јувентус им ги намали платите на фудбалерите

Фудбалерите на Јувентус се согласиле со челните луѓе на клубот нивните плати да бидат намалени додека трае вонредната ситуација предизвикана од пандемијата со вирусот КОВИД-19.

Капитенот Џорџо Кјелини во има на играчите преговарал со првите луѓе на Јувентус. Договориле платите на фудбалерите да им бидат намалени за 10 до 15 отсто.

За споредба, во Шпанија платите на фудбалерите ќе им бидат намалени за дури 70 отсто.

Најголема плата во Јувентус има Кристијано Роналдо. Португалецот годишно заработува 31 милион евра.

Со намалувањето тој ќе остане без 3,8 милиони евра.

Со намалувањето на платите фудбалерите им ги сочуваа работните места на останатите вработени во сите сектори.

Scroll to Top