Top Sport

Ливерпул ги губи симпатиите, Карагер им порача: „За греота сте“

Ливерпул им се приклучи на Тотенхем, Норич, Њукасл и Бормут кои претходно персоналот го испратија на принуден одмор. Овие клубови ќе ја користат помошта на Владата која ќе покрие 80 отсто од нивните плати.

Според англиските медиуми вработените во Ливерпул биле лути и разочарани од оваа одлука на клубот, односно на сопствениците. На вработените не им било јасно зошто клубот ја користи оваа можност кога има доволно пари. Тие сметале дека многу подобро било парите што владата ќе ги издвои за нив да бидат насочени кон луѓето кои имаат мали бизниси.

Одлуката на клубот ги разочарала бидејќи од градскиот ривал Евертон се уште не се решиле на ваков чекор.

Клубот го критикувал и поранешниот капитен, човек кој 17 години мина на „Енфилд“, Џејми Карагер.

„Јирген Клоп сочувствуваше со сите кога започна пандемијата, а постарите играчи беа подготвени на намалување на платите, меѓутоа сега ја загубија почитта, за греота е овој Ливерпул“, напишал Карагер.

Scroll to Top