Финецот Лаури Марканен не е задоволен од амбициите на Чикаго Булс, имал желба да ја напушти франшизата. Според локалните медиуми не бил задоволен од работата на тренерот, клупските челници, менаџментот и од неговата улога во тимот.
„Ова е трета година како го слушаме незадоволството на Марканен. Вели дека работите во франшизата се одвиваат многу лошо и дека би сакал да ги напушти Чикаго Булс“, наведува „Чикаго Сан Трибјун“.
Марканен беше седми пик на драфтот во 2017 година. Во тековната сезона има просек од 14 поени и шест скока по натпревар.
Договорот на Марканен со Чикаго истекува во 2022 година кога ќе може како слободен играч да го напушти клубот.