Рускиот фудбалер Фјодор Смолов ги отфрли шпекулациите дека „избегал“ од својот клуб Селта Виго и од Шпанија за да присуствува на 18-тиот роденден на неговата девојка, Марија Јумашева, инаку внука на поранешниот руски претседател Борис Елцин.
30-годишниот Смолов го очекува казна од неговиот клуб, каде што е позајмен од Локомотив Москва, откако со приватен авион пристигнал во една соседна земја на Русија, по што со автомобил стигнал дома. Сличен прекршок направи и неговиот дански соиграч, Пионе Систо.
„Смолов постојано бараше дозвола да патува за Русија поради лични причини, но клубот не можеше да му даде дозвола бидејќи Ла лига не го дозволува тоа. Тој, сепак, не известуваше за своето движење и вети дека ќе се врати кога ќе ги реши личните работи“, изјави портпаролот на Селта за „АС“.
Смолов преку Инстаграм на руски и шпански јазик изјави дека се вратил во Русија з да биде поблиску до неговото семејство и дека клубот бил информиран.
„Нема проблеми. Сите активности на Фјодор беа договорени со Селта, а тој ќе биде казнет ако задоцни назад во Шпанија“, вели неговиот менаџер.