Top Sport

Мане: Не се чувствувам како шампион на Англија

Ливерпул се наоѓа на шест бода од шампионската титула во Англија, што би била прва за овој клуб по пауза од 30 години. Сепак нејасно е што ќе се случи доколку Премиерлигата прогласи крај на сезоната, како што се шпекулира изминатите денови. Дали и во тој случај „црвените“ ќе ја добијат титулата?

Играчите на Ливерпул се надеваат дека сезоната ќе продолжи и дека на фудбалскиот терен ќе ја заверат шампионската титула.

„Не се чувствувам како шампион. Си ја сакам својата работа, го сакам фудбалот, сакам на фудбалскиот терен да станам првак. Сакам да победувам и на тој начин да освојувам трофеи. Сепак што и да се случи јас ќе имам разбирање бидејќи ситуацијата е тешка. Тешко е за Ливерпул, но многу им е потешко на луѓето ширум светот“, рекол еден од најдобрите играчи на Ливерпул, Садио Мане.

„Луѓето остануваат без членови на семејствата, тука е ситуацијата многу комплексна. Сон мие сезонава да ја освојам титулата во Премиерлигата, но доколку тоа не се случи јас ќе ја прифатам одлуката. Знам дека ќе ја освоиме наредната година“, заклучил Сенегалецот.

Scroll to Top