Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал според последните статистички податоци на АТП има најголем процент на освоени поени во историјата на овој спорт.
Надал на врвот на вечната листа го престигна легендарниот американски тенисер, Пит Сампрас кој имаше 53,27%, па Шпанецот сега изби на првата позиција со 54,3% освоени поени.
Тенисерот од Мајорка зад себе ги остави најголемите конкуренти, Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ. Процентот на освоени поени на Швајцарецот е 53,9, додека српскиот тениски ас има 53,8%.
Надал беше најдобар и минатата сезона со 56% освоени поени, пред Ѓоковиќ (55,3%) и Федерер (53,6%).
Ѓоковиќ моментно е лидер во АТП караванот со 10.220 бодови, пред Надал со 9.850, па следуваат Доминик Тим со 7.045, Федерер со 6.630 и Данил Медведев со 5.890 поени.