Менаџерот Јирген Клоп прати посебна порака до семејствата на 96-те фанови кои загинаа при катастрофата на „Хилсборо“ пред 31 година, откако клубот не можеше да го оддржи меморијалниот настан поради пандемијата на корона вирусот.
Клоп со кратка, но емотивна порака од неговиот дом, им порача на семејствата на страшната трагедија дека ја имаат љубовта на сите во Ливерпул.
„Денеска е најважниот ден на нашиот фудбалски клуб и така е секоја година. Планот беше да бидеме заедно на ’Енфилд’, но тоа не е возможно, и затоа мораме да бидеме во нашите мисли. И верувајте, вие секогаш сте во нашите мисли. Во нашите мисли, нашите молитви и секогаш ја имате нашата љубов. You’ll Never Walk Alone“, порача Клоп.
Вкупно 96 мажи, жени и деца ги загубија животите во хаосот пред хаотичниот натпревар од полуфиналето на ФА купот против Нотингем форест на 15 април 1989 година на „Хилсборо“ во Шефилд.
Во 2016 година истрагата потврди дека полицијата на Јужен Јоркшир е одговорна за смртта на навивачите, конечно ослободувајќи се од стигмата која преку британските таблоиди ги жигоса навивачите како хулигани кои сами биле одговорни за хаосот.
Jürgen Klopp has delivered a message to the families, survivors and Liverpool supporters on the 31st anniversary of the Hillsborough disaster. pic.twitter.com/HMg7bGyyWn
— Liverpool FC (at ?) (@LFC) April 15, 2020