Португалскиот ас, Кристијано Роналдо е легенда на Реал Мадрид.
Дресот на Кралскиот клуб го носеше од 2009 до 2018 година, стана најдобар стрелец на клубот со 450 гола на 438 меча, а со клубот освои 15 трофеи. За тоа време освои и четири Златни топки.
Сепак, малку недостасувало ништо од ова да не стане реалност, открова поранешниот прв човек на „Кралевите“, Рамон Калдерон. Тој беше претседател на Реал од 2006 до 2009 година. По 3 години преговори, успеа да ја исполни желбата – да го доведе Роналдо на „Бернабеу“. Сепак, малку недостасувало Португалецот да заврши на „друга адреса“.
„Со години се обидував да го доведам Роналдо во Реал и кога практично се договоривме, и со играчот потпишавме преддоговор, Алекс Фергусон го понуди во Барселона. Го стори тоа затоа што го мрази Реал. Го смета за клуб кој е закана за Манчестер Јунајтед, да стане најголем во светот. Во Барселона беа воодушевени од можноста да го земат Роналдо и веднаш тргнаа по него, но тој не сакаше да чуе за тоа“ – открива Калдерон.
Сепак, можноста Роналдо да заврши на „Ноу Камп“ не ја спречувал само „чесен збор“.
„Се уште го чувам документот на кој Роналдо и јас потврдуваме со потпис, дека ако било која од двете страни го прекрши договорот, на другата страна ќе и плати 30 милиони евра“ – рече Калдерон.