Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев за „Арена Спорт“, открил дека сака Лацио да ја освои титулата доколку продолжи сезоната во Серија А. Доколку првенството не продолжи смета дека не треба никој да испадне туку дека лигата треба да се прошири со два тима од Серија Б.
Фудбалерите во Италија од 4 мај добија дозвола индивидуално да тренираат, а во тренинг центрите доколку ништо не се смени ќе се вратат на 18 мај.
„Секој ден сме во контакт со луѓето од клубот, во контакт сме и ние играчите. Требаше да започнеме да тренираме во групи на 4 мај, но од тоа нема ништо го одложија за 18 мај. Сепак се уште нема дефинитивна одлука дали ќе продолжи Серија А, не е одреден датумот, не се знае дали ќе почнеме или првенството ќе биде одложено. Од 4 мај ќе можеме да тренираме надвор индивидуално, но се уште нема да можеме да тренираме во нашите бази. И ова решение не е најдобро, подобро е да тренираме во нашите бази таму имаме подобри услови, бака треба да трчаме по парковите каде што има други луѓе.
Дали е најдобро да се прекине сезоната во Серија А?
„Мислам дека тоа е најреално, многу луѓе починаа. Доколку почнеме да играме ќе играме без публика, а да се игра без публика не е тоа тоа. Не знам што да кажам ако продолжиме ќе мораме да имаме подготовки, два месеци седиме дома, можеби нема да биде проблем да ја истуркаме оваа сезона но што е со следната. Ако продолжиме помалите тимови ќе имаат проблем, Не сме ние Јувентус, немаме 22-23 фудбалери„.
Ако не продолжи сезоната кој ќе испадне од лигата?
„Мислам дека нема да биде прогласен шампионот, лигата треба да се прошири, а наредната сезона да испаднат четири тима. Од втората лига би требало да влезат Беневенто и Кротоне. Мислам дека најреално е да нема шампион и да не се испаѓа од лигата“.
Доколку сезоната продолжи кој е неговиот фаворит за титулата?
Навивам за Лацио, влегоа во врвна форма. Ако продолжи сезоната мислам дека Лацио има најголеми шанси да го освои скудеото. Навивам за Лацио шест сезони бев таму“.